Продолжуваат подготовките на Арената Филип Втори за Супер купот
Јавното претпријатие за станбен и деловен простор работи на доуредување на просторот во Арената Филип Втори од каде што треба да известуваат новинарите за време на УЕФА Супер купот што ќе се одржи во август 2017 година.
На секои три месеци во Скопје доаѓа инспекција од УЕФА која врши проверки во Арената.
- Во октомври очекуваме да дојде повторно инспекција. Инспекцијата доаѓа за различни области за теренот и за она што е основата на теренот и за тоа што е во пропратните делови. Помина инспекцијата имавме одлична оценка, изјави директорот на ЈП за станбен и деловен простор Цветко Грозданов.
Грозданов ова го кажа на средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на неговата посета на Гостивар. Груевски се интересираше за текот на подготовките за Супер купот, односно за арената Филип Втори, која е во надлежност на ова ЈП.
- Сега работиме на она што се наоѓа под трибинскиот простор, што се нарекува ВИП простор, односно просторот каде што треба новинарите да бидат сместени и од каде што ќе известуваат. Се надевам до доаѓањето на оваа инспекција ќе бидеме во завршна фаза на овие проекти со што ќе овозможиме до крајот на оваа година нашите обврски кон УЕФА да бидат исполнети во целост, рече Грозданов.
Тој апелираше до клубовите кои настапуваат и до навивачите кои доаѓаат во Арената Филип Втори да не дојде до оштетување на објектот.
- Тоа нема да се доведе во прашање доколку и клубовите внимаваат затоа што сега им даваме да играат. Доколку не прават големи штети нема да биде никаков проблем. Еден апел до сите овие клубови што играат во македонската лига, а што ја користат Арената Филип Втори или во куповите одговорно да се однесуваат кон објектот и да не нанесуваат големи материјални штети за повторно да мораме да реновираме и да обновуваме, рече Грозданов.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила
-
33-годишна жена нападната од својот сопруг и свекрвата
-
САД и Јапонија подготвуваат план за распоредување HIMARS на јапонските острови близу Тајван