Продолжуваат мировните преговори меѓу колумбиската Влада и ФАРК

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос синоќа се сретна со водачите на опозицијата, за да ги слушне нивните предлози во врска со обновувањето на преговорите за мировниот договор со бунтовничката група Вооружени револуционерни сили на Колумбија (ФАРК), кој Колумбијците го отфрлија на референдумот во неделата.
- Многу сме близу до мирот, но потребна е поширока општествена согласност. Предлозите ќе ги разгледаме утре, а потоа одново ќе ги контактираме ФАРК, изјави вчера Сантос по четиричасовниот разговор, нагласувајќи ја својата решеност да го врати мирот во земјата.
- Зацврстување и засилување на мирот - тоа е патот по кој мораме да тргнеме, како држава. Тоа е моја уставна обврска и мое лично убедување. Мирот во Колумбија е близу и ние ќе го оствариме, истакна првиот човек на државата.
Иако повеќето анкети предвидуваа дека мнозинството ќе гласа за мировната спогодба, на неделниот референдум таа беше отфрлена со 50,21 наспроти 49,78 отсто. Излезеноста изнесуваше 62 отсто од гласачите.
Исходот од гласањето покажа длабока поделеност во колумбиското општество.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
