Македонија
2. November 2022 - 16:38

Продолжуваат меѓусебните обвинувања на Јакимовски и Мицкоски

Нови обвинувања на релација Стевчо Јакимовски  - ВМРО ДПМНЕ. Градоначалникот на Карпош на прес конференција посочи дека Христијан Мицкоски стои зад нападот на советникот во општината од ВМРО ДПМНЕ за како што рече да го дисциплинираат, бидејќи имал различно мислење од неговата советничка група.

- Основната причина зошто е нападнат советникот на кој што веќе подолго време му се праќаат закани е за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да може да прави поголеми опструкции од овие што сега ги прави. Јасно е дека советникот, со начинот на кој што функционира советничката група ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, не се согласува подолго време и тоа е причина за заканување на истиот од колеги советници како и од обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Мицкоски пак одговори дека Јакимовски веќе една година го обвинувал него и семејството затоа што како што рече не ја подржувал бетонизацијата со изградбата на повеќе катници во Карпош.

- Причината е затоа што не ја подржувам бетонизацијата и гласање на детални урбанистички планови за висококатници и како резултат на тоа претпоставувам дека ќе продолжи понатаму, совет да престане со измислици и да се фокусира на работа за карпошани, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нападот врз советникот во Општина Карпош го осудија и од СДМС и побараа надлежните да постапат и да истражат дали ВМРО ДПМНЕ има поврзаност?

Советникот бил нападнат вчера наутро пред трговскиот Антико во Карпош 4 додека одел на работа од страна на маскирано лице.