Продолжуваат борбите меѓу силите за безбедност и талибанците за аеродромот во Кандахар
Во реонот на аеродромскиот комплекс во јужниот авганистански град Кандахар и натаму траат борбите меѓу силите за безбедност и талибанците, по вчерашниот напад на бунтовниците, во кој беа убиени најмалку 18 лица и беа земени шестмина заложници, информира портпаролот на Министерството за одбрана, цитиран од ДПА.
- Некои екстремисти се уште им се спротивставуваат на владините сили, изјави генерал Радманиш, познат само по ова име. „Водиме упорна борба за да ги ликвидираме“, рече тој.
Според британските медиуми, има извесни разлики во бројот на настрадани, што се соопштуваат од различни извори. Официјален претставник на силите за безбедност, кој посакал анонимност, информира за многу ранети. Тој не го прецизира бројот на заложници, изјавувавјќи само дека меѓу нив има жени и деца.
Командантот на 205. армиски корпус Дауд Шах Вадафар, меѓутоа, изјави дека има шестмина заложници, вклучувајќи и две жени и две деца. Тој потврди дека се убиени 18 владини војници. Според него, во нападот учествувале 14 напаѓачи, а девет од нив се убиени од страна на владините сили.
Самите талибанци тврдат дека убиле 150 влаидни војници, но, според британските медиуми, бунтовниците често пати го преувеличуваат бројот на жртвите во своите акции.
Портпаролот на мисијата на НАТО „Решителна поддршка“ изјави дека нема информации за настрадани војници меѓу стотиците припадници на меѓународните сили стационирани на аеродромскиот комплекс во Кандахар.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд