Продолжува вакцинацијата во Грција – вакцинирано 3.001 лице
Вакцинацијата продолжува регуларно, без никаков прекин во девет болници во земјата. До денеска во 12 часот реализирана е 3.001 вакцинација, вели генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус во писмената изјава, јави дописничката на МИА од Атина.
Темистоклеус, кој воедно е и надлежен за владиниот план за вакцинација, објаснува дека сите болници во Грција се подготвени за масовната вакцинација на здравствените работници, планирана за периодот од 4 до 20 јануари и ќе се одвива во три фази.
– В понеделник на 4 јануари 2021 година ќе започне вакцинацијата на над 5.000 здравствени работници во уште 42 болници. Овој број, постепено ќе се зголемува. Во ист ден ќе започне и вакцинацијата во домовите за стари лица од мобилните единици на Националната организација за јавно здравје, истакна Темистоклеус.
Во Грција досега пристигнаа две пратки од вакцината на Фајзер/БиоНтек, односно над 90.000 дози, а вакцинацијата официјално започна на 27 декември 2020 година.
Освен здравствените лица кои се приоритетна група, се вакцинираа и политичари и членови на грчката Влада.
Ново на Сител
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје