Продолжува уривањето на кампот во Кале

Работниците продолжуваат да работат на расчистување на шаторите и бараките во импровизираниот бегалски камп кај францускиот град Кале.
Неколку пожари избија синоќа во делот на кампот, каде некои мигранти се придржувале кон традициите на своите заедници и ги палеле шаторите и импровизираните бараки, кога ги напуштале. Во пожарите експлодирале две боци со гас и еден од мигрантите е лесно повреден и примен во болница.
По гаснењето на пожарите во текот на ноќта, властите евакуираа од кампот меѓу 150 и 200 мигранти, Авганистанци и Сиријци. Меѓу нив имаше и околу 15 малолетници, кои беа сместени во привремен центар за прием на деца мигранти без придружник.
Во меѓувреме невладината организација „Спасете ги децата“ предупреди дека ситуацијата во бегалскиот камп „Џунглата“, покрај Кале е катастрофална за децата, кои се наоѓаат таму.
Според „Спасете ги децата“ во „Џунглата“ има над илјада деца без придружба. Голем дел од нив тврдат дека имаат блиски во Париз и Лондон и се проверува досието на секое дете за да се види дали тврдењата се вистинити.
Во кампот во Кале според различни проценки живеат меѓу шест илјади и осум илјади мигранти, кои сакаат да заминат од Франција во Велика Британија.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
