Продолжува судењето за нападот врз Села
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Судијката Славица Андреевска, која го води процесот, на минатото рочиште рече дека главната расправа ќе продолжи на 8 февруари со доказна постапка и изјави на сведоци и вешти лица.
Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски - Кобра.
На претходното рочиште што се одржа на 26 јануари сите десетмина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се изјаснија за невини.
Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.
Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села не дојде на судењето, а неговиот адвокат најави дека ќе бара отштета за материјална и нематеријална штета.
Претставникот на Јавното обвинителство во воведното обраќање рече дека во овој предмет се суди само за еден аспект од настаните во Собранието на 27 април што можел да резултира со убиство на пратеникот Зијадин Села. Целокупната криминална содржина на настаните во Собранието, според обвинтелството, не се исцрпува со дејството што е предмет на ова обвинение. Според обвинителството, единствена околност што го спасила Села не било колебањето на обвинетите, туку тоа што тој веќе не давал знаци на живот.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, беше тешко повреден при упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
За настаните во Собранието на РМ веќе се изречени судски пресуди за два предмета. Во првиот, девет лица учесници во насилства добија условни казни, а во вториот случај Панче Ангелов, напаѓачот на Радмила Шекеринска доби казна затвор од четири години.
Во тек е истражна постапка и за предметот што го отвори Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за што се осомничени 36 лица.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување