Продолжува судењето за хоророт во Дивата населба

Судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Дива населба“ треба да продолжи денеска во големата сала на Врховниот суд, бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.
Оваа одлука, како што информираа минатата недела од Кривичниот суд, ја донела Владата на Република Македонија и веќе е објавена во Службен весник.
Од Основниот суд Скопје 1 Скопје претходно ја бараа големата сала на Врховен суд, но барањето беше одбиено со образложение дека таа просторија била од свечен карактер и не била опремена да функционира како судница.
Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
