Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Ќе се сослушуваат сведоци и експерти, и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со случувањата на Онкологија.
Членовите на Комисијата на 13 ноември ги почнаа доплнителните 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни фунцкии, како и за анализа на документацијата и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа претходно сослушани.
Пред Анкетната комисија досега сведочеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување - Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик - министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици - министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски. Искази дадоа и Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова, како и други лица и функционери.
Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.
Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека по комплетирањето на исказите и документацијата, ќе бидат донесени заклучоци кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а очекува од нив, покрај кривична, да произлезе и политичка одговорност.
Ново на Сител
-

Скопскиот аеродром трет по бројот на патници во поранешна Југославија и покрај намалувањето поради кризата
-

Приведен 66-годишен кичевец, во домот пронајдени оружје и муниција
-

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи
-

ЕУ се соочува со голем демографски пад - до крајот на векот ќе остане без 53 милиони луѓе
-

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран
-

Иран делумно го ослободи пристапот до Интернет, дозволени телефонски разговори со странство
-

Маѓар: Ограничувањата на цената на горивата ќе останат на сила и по преземањето на власта
-

Орбан: Јас сум одговорен за неуспехот на изборите, потребна е целосна обнова на десницата
