-->
-->
Продолжува раздвоената постапка за Јанкулоска во „Тенк“
-->

На претходните рочишта на раздвоената постапка за „Тенк“, која се води против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беа изнесен материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.
Сведоците кои даваа исказ на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
Во Кривичниот суд денеска продолжува и судењето на поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Квaлификaции зa CП 2026: Макeдoнијa победи прoтив Кaзaxстaн
-
Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови
-
Вo среда наутро во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра
-
Собранието ги изгласа новите кадровски решенија на Влен
-
Се шири болеста чума кај малите преживари во Албанија, стигна и во погранична област во близина на Дебар
-
Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
-
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица