Продолжува потрагата по исчезнатото лице во езерото Глажња
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
- Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима. Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај „Тигрите“ во потрагата учествуваат и екипи на ДЗС, еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово, изјави Ангелов.
Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека „Тигрите“ имаат искуство во вакви пребарувања.
Вчера и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.
Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители избра 31 нов јавен обвинител
-
Две лица палеле кабли и сува трева во скопски Карпош
-
Мицкоски: Фактурата за 60 авионски билети за посетата на Унгарија е 2,6 а не 12 милиони денари
-
Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво
-
Единствено прифатливо решение со Бугарија е одложена примена на уставните измени, сакаме гаранции и јасен пат кон ЕУ, велат извори од МНР
-
Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
-
ДЗС: Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани 11,9 проценти
-
Одбраната на Палчо бара дополнително вештачење на чаурата пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски