Македонија
23. January 2025 - 12:25

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

За утре се прогнозира најтопло да биде во Гевгелија, каде се очекува максимална температура од 15 степени. Во Скопје, температурата утре се очекува да се движи од 1 до 6 степени.