Македонија
27. December 2019 - 11:49

Продолжува модернизирањето на уличното осветлување во Струмица

Нови 240 светлосни ЛЕД арматури ќе има на булеварот „Климент Охридски“ во Струмица, на потегот од кружниот тек на влезот во градот од кај Радовиш до излезот кон Валандово, и на булеварот „Гоце Делчев“, од кружниот тек кај „Анска река“ до излезот кон село Дабиле, информираат струмичките локални власти.

Општината наведува дека половина од овие светлосни арматури се веќе поставени, а останатите ќе бидат подигнати во наредниот период.

Покрај тоа во новата година на повеќе локации ќе биде поставено и ново ЛЕД осветлување.

ЛЕД арматури за улично осветлување се поставени и претходно на други локации во градот, како и во Големиот градски парк, каде се поставени т.н. паметни светилки кои реагираат на поминување на пешаци.