Продолжува конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово
Со поддршка на Министерството за култура, продолжува конзервацијата и санацијата на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, значаен споменик на културата.
Во рамките на конзервацијата и санацијата на ова вредно културно наследство од византискиот период која се одвива во неколку фази, стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ќе работат на конзервација на фрескоживописот односно на отстранување на наталожените нечистотии, додека во третата фаза ќе се изврши консолидација на оштетениот слој со ретуш во боја, соопшти Министерството за култура.
Претходно беше извршена превентивна заштита со отстранување на механичките оштетувања на живописот, како конструктивна консолидација на темелите на црквата од западната страна, беа поставени потпорни ѕидови, а се изврши и зацврстување на темелите на црквата од источната, северната и од јужната страна.
Црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, според архитектурата претставува трикорабна базилика изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Црквата, во светски рамки, претставува редок пример на византиската уметност во поглед на исклучителниот архитектонскиот израз и уникатниот фрескоживопис.
живопис.
Ново на Сител
-
Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат, детали за убиството во Чаир
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос