Продолжува конститутивната седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Во досегашниот тек од расправата главна тема е тиранската платформа и нови избори како можност за излез од кризата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека платформата е постизборно подметната и бараат СДСМ да се откажат од неа и да се оди на нови избори. Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие побараа да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Ново на Сител
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
