Продолжува изградбата на новиот пазар во Гевгелија

Привршуваат градежните активности од втората фаза за изградба на новиот пазар во Гевгелија кој со корисната површина и содржините што ќе ги има, ќе им понуди на гевгеличани современи услови за пазарување со високи стандарди, најави денеска градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов кој присуствуваше на бетонирањето на подната плоча.
- По завршувањето на оваа активност од втората фаза ќе остане само уште покривањето на трите пазарни хали со што ќе се оформи ликот на новиот градски пазар. Во третата завршна фаза предвидено е комплетно уредување на околниот простор со придружни објекти, паркинг простор и голем супер маркет кој ќе биде негов составен дел, рече Франгов.
Новиот пазар во Гевгелија ќе се простира на површина од 5.888 метри квадратни, а за неговата изградба ќе бидат потрошени 60 милиони денари.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
