Продолжува исплатата на паричните надоместоци за основците и средношколците
Министерството за образование и наука информира дека паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци, продолжуваат етпно да се исплаќаат и во текот на оваа работна недела.
Средствата не беа исплатени од претходното раководство. Иако поддршката беше ветена, исплатата се реализираше само за еден месец или за два месеци и тоа на мал број апликанти. Тоа е потврда за негрижата кон граѓаните од страна на претходната Влада.
Преостанатиот износ се исплаќа и очекуваме процесот целосно да биде заокружен во текот на следниот месец. Ги замолуваме граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи секој што ги исполнил условите, ќе ги добие предвидените средства. Минатата недела се реализираа исплати на финансиска поддршка за месеците февруари и март за околу 13 илјади ученици.
Истовремено, сакаме да потенцираме дека со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат. Наместо периодични и краткорочни решенија, плнирани се системски и долготрајни квалитетни мерки за поддршка на учениците, студентите и нивните семејства.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство