Продолжува интервјуирањето на кандидатите за Антикорупциска, седници на уште две комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
На Комисијата за прашања на изборите и именувањата продолжува интервјуирањето на кандидатите за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Комисијата за труд и социјална политика ќе одржи две последователни седници на чиј дневен ред е Предлог-законот за практикантство, како и измените на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, двата во второ читање.
И Законодавно правната комисија ќе одржи две седници на кои ќе се расправа за предлог законите за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, во прво читање, како и за измените на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, во второ читање. На дневниот ред се и предлог измените на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и на Законот за практикантство, двата во второ читање, како и барањето за давање на автентично толкување на член 2, точка 4 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, поднесено од пратеникот Мухамед Зеќири и исправката на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари

