Продолжува дебатата за кризна состојба во енергетиката
– Дебатата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за кризна состојба во енергетиката, според најавите, треба да продолжи денеска. Тоа ќе биде трет ден расправа во матичната комисија, а по нејзиното завршување на пленарна седница ќе може да се гласа да продолжи уште половина година кризната состојба во оваа област, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и вчера порача дека се бара продолжување на кризната состојба во енергетиката за да се обезбеди доволна флексибилност и механизми за справување со кризата, а сите домашни капацитети се ставени во функција за поголемо производство.
Владата со соседните земји постигнува договори за гарантиран увоз на струја и енергенси, но тие би се користеле само ако се исцрпат домашните извори на енергија. Количините на јаглен кои Владата се обидува да ги обезбеди, оцени Битиќи, е за да се гарантира дека ќе нема никакво нарушување во производството на електричната енергија.
Според Битиќи, Владата е посветена на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима и потсети дека државата со 80 отсто ја субвенционира цената на електричната енергија за сите корисници на регулираниот пазар.
Досега за субвенционираната цена на струја на регулираниот пазар Владата исплатила 240 милиони евра, односно 653.000 домаќинства и 70.000 приватни субјекти кои се на регулираниот пазар се обезбедени со субвенционирана цена на струјата, која 100 отсто е од домашно производство.
Енергетиката беше во фокус и на билетаралната средба во Њујорк на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот за надворешни работи на Азербејџан. Тие, информираше владината прес-служба, разговарале за енергетската криза и можностите за соработка во делот на обезбедување енергенси и можноста за приклучување на гасоводната мрежа.
Според вицепремиерот Битиќи, во период на криза како сегашната дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи, а важно е да имаат ефект одлуките што ги носат сите чинители. На крај на годината, смета Битиќи, просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 проценти, што потенцираше дека е доста добра стапка.
Владата завчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо за следните три месеци, односно до крајот на годината. Со тоа е продолжена важноста на тековната одлука за таа намена, чија важност е до крајот на месецов.
Одлуката се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани.
Ново на Сител
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник