Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат целосна исплата на јануарската плата.
Како што информираат од Железничката станица во Скопје, и денеска не сообраќаат патничките и товарните возови.
Според организаторите на протестот, Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС - Железничар, прекинот на сообраќајот ќе продолжи се додека не се исполнат поставените барања за целосна исплата на платата за јануари.
Од „Македонски железници - Транспорт“ вчера соопштија дека до крајот на месецов ќе изнајдат начин да го исплатат првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата, што, пак, за синдикатите организатори на протестот е неприфатливо и инсистираат на целосна исплата.
МЖ Транспорт информираше и дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата
-
Јаневска: Сто и триест психолози се достапни на учениците, студентите, децата во градинките и на граѓаните по несреќата во Кочани
-
На Додик му е испратена копија од пресудата, има рок од 15 дена за жалба
-
Сопругата и ќерката на газдата на Пулс од вчера се во полициска станица
-
Кавадарчанец возел со 2,60 промили алкохол во крвта и излетал од пат
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот Македонија-Велс
-
Таравари: 20 пати го ризикувал животот за да спаси други, добредојде дома Јован, твојата приказна ќе живее вечно
-
Таравари:12 пациенти заминуваат на домашно лекување