Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2016

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманска расправа по предложениот ребаланс на Буџетот за 2016 година. Пратениците поднеле 323 амандмани, а на вчерашното попладневно продолжение на седницата беа разгледани десетина, а прифатени само два.
Потребата од носење на овој ребаланс се должи на промена на проекцијата за растот на БДП од првично предвидените 4 проценти на 2,3 проценти поради што е неопходно да се изврши корекција на проекциите на приходите и расходите, беше посочено во расправата.
На приходната страна има намалување на проекциите за околу два проценти или за 3 милијарди денари, додека на расходната страна има намалување за 804 милиони денари.
Предлогот пред членовите на Комисијата вчера го образложи министерот за финансии Кирил Миноски, кој рече дека на приходната страна има намалување на проекцијата за 3 милијарди денари, додека на расходната за 804 милиони денари. Со ребалансот се зголемува и буџетскиот дефицит од проектираниот 3,2 проценти со буџетот на 3,6 проценти од БДП и ќе изнесува 2,1 милијарди денари.
- Предложениот ребаланс ќе обезбеди навремена исплата на законски остварените права без да се загрози фискалната одржливост на земјата, рече, меѓудургото, Миноски и додаде дека капиталните инвестиции остануваат на високо ниво и нивната реализација продолжува.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
