Продолжија преговорите за формирање коалициска влада во Германија

- Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел, либералите и зелените денеска ги продолжија преговорите за формирање на владина коалиција во германија, откако синоќешните разговори не завршија со договор.
Трите партии се уште имаат несогласувања за политиката за климата и миграцијата, но се согласија да продолжат со преговорите и за време на викендот, односно по истекот на претходно одредениот краен рок.
- И покрај сите тешкотии одам на овие преговори со намера да ја исполнам задачата што ни ја поставија избирачите за формирање на коалиција, изјави Меркел пред да влезе на следната рунда од преговорите кои се водат во централата на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) во Берлин. - Ќе биде тешко, но вреди да се оди во втора фаза, рече таа.
Меркел ги повика учесниците во преговорите да вложат повеќе напори за надминување на разликите, за да можат да состават нова влада.
Лидерот на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, Фолкер Каудер изјави дека тие се подготвени да направат уште отстапки за намалување на емисиите на електраните кои работат на јаглен, за да ја смират загриженоста на зелените.
- Чувствувам подготвеност од сите страни и сите треба да направат отстапки, изјави тој.
Германските аналитичари очекуваат разговорите да продолжат до недела попладне.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
