Македонија
4. October 2018 - 16:38

Продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април

Единицата за брзо распоредување континуирано интервенираше за време на собраниските настани од 27 април, сведочеше пред судот помошник командатот на ЕБР, Влатко Наумовски.

Објасни дека од насилниот влез во собранието па се до ева-куацијата на пратениците, постојано комуницирал со своите претпоставени.

За ситуацијата Наумовски телефонски ги информирал началникот на одделот за специјални полициски сили, Митко Пешов како и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков кои се обвинети во случајот.

Од нив добивал насоки да се превземат сите мерки за смирување на состојбата.

Ги информирал дека има недостиг од полицајци и е неопходно да се засили единицата. Пред судот, Наумовски објасни дека околу 20 часот разговарал со Чавков и добил одобрение да користи шок бомби за смирување на топлата која се наоѓала во собранискиот прес центар..

За собраниските настани до сега свој исказ пред судот имаа 30-тина сведоци. Обвинителството предложи вкупно 36-мина.. Дел од нив одговараат и на прашања од одбраната оти ги понуди за сведоци во доказната постапка..

Судењето за 27 април продолжува идната недела..