Продолжи собраниската седница за избор на министри и заменици
Собранието денеска ја продолжи 110-тата седница за избор на нови членови на Владата – двајца министри и тројца заменици-министри, која беше прекината доцна синоќа по неколкучасовна расправа.
Во текот на вчерашниот ден во фокусот на расправата беше предлогот нов министер за финансии да биде 31-годишната Нина Ангеловска, основачка на Групер.мк. Пратениците го критикуваа предлогот на премиерот Ангеловска да биде министер за финансии затоа што, како што посочија, тоа е најсериозна функција во Владата по премиерската.
Во одбрана на предлогот, премиерот Заев одговори дека Ангеловска е успешен менаџер во управување со сложени системи и дека покажала оти прогресивни методи во светот може да се применат кај нас.
-Со вакви пораки и недавање шанса, не ги мотивирате младите да останат и да создаваат тука, им порача Заев на опозициските пратеници, кои во дискусијата обвинија за негативна состојба во економијата и за финансиска криза.
Ангеловска треба да ја наследи функцијата на Драган Тевдовски кој не е министер за финансии по реконструкцијата на Владата во јуни.
Во рамки на 110. седница треба да бидат избрани и Кирил Колемишевски за заменик-министер за економија, Елизабета Наумовска за заменик-министер за образование и наука и Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратениците треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка за што е предложен Фадил Бајрами.
Ново на Сител
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај