Продолжение на шестата собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.
Омбудсманот Иџет Мемети вчера во образложението посочи дека новиот Закон за Народниот правобранител не ги оствари во целост потребите за финансиска независност на оваа инситуцијата, ниту во него беа вградени препораките на Прибе.
Мемети рече дека во Извештајот на Прибе имало неколку клучни препораки што ќе овозможат подобрување на работата на институцијата Народен правобранител. Една од клучните препораки било воведување казни за тие што ја попречуваат работата на народниот правобранител, но и формирање ад хок анкетни комисии за предмети и случаи што би ги покренувала оваа институција.
Додаде дека Македонија се уште од формално-правен аспект нема создадено услови да има национална институција Народен правобранител која ќе работи со полн капацитет за промоција и заштита на човековите слободи и права.
По неговото обраќање седеше серија на барања за пауза од претениците од ВМРО-ДПМНЕ за да се разгледаат стенограмите од обраќањето, поради што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за денеска.
На дневен ред на оваа седница е и разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, предлог-измените на Законот за работните односи поднесен од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај тоа, продолжение на седница денеска ќе одржи и собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ