Продолжение на 103. седница на Собранието на Република Македонија

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 103. седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка, како и интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата.
Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Државната комисија за жалби по јавни набавки, сите за 2015 година.
На дневниот ред се и повеќе други извештаи за работата на институциите во 2015 година, како и неколку предлог одлуки за давање согласност за финасиските и стратешките планови на институциите за 2016 година.
Ново на Сител
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
