Продолжена мисијата на францускиот носач на авиони во операциите во Ирак и Сирија
Мисијата на симболот на француската воена моќ, носачот на авиони „Шарл де Гол“, кој од 30 септемврие стациониран во источниот дел на Средоземното Море за водење на борбени и разузнавачки мисии во Ирак и Сирија, е продолжена до декември, јави дописникот на МИА од Париз.
Одлуката за продлжување на мисијата на францускиот носач на авиони авиони, кој е вклучен во операцијата за ослободувањето на Мосул од Исламската држава (ИД), е донесена на денешниот состанок на Советот за безбедност и одбрана во Елисејската палата.
- Советот за одбрана ги разгледа воените, хуманитарните, политичките и безбедносните прашања околу операцијата на Мосул. Претседателот на Република одлучи да ја прошири дејноста на борбената група вклучена во операцијата до средината на декември, стои во соопштението на Елисејската палата.
Во соопштението натаму се нагласува и дека на заседанието на Совет за одбрана „посебно била разгледана“ ситуацијата во Алепо.
Носачот на авиони „Шарл де Гол“ повторно е распореден во источниот Медитеран од 30 септември за водење на борбени и разузнавачки мисии во Ирак и Сирија. Оваа операција беше првично планирано да трае еден месец. „Шарл де Гол“ носи 24 борбени авиони од типот „Рафал“, со кои тројно се зголемува француската ударна сила во регионот.
„Шарл де Гол“ е придружуван од флотила составена од една подморница, неколку фрегати, како и од и американскиот брод „Рос“ и германскиот „Аугсбург“.
Ново на Сител
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога