Продолжен притворот на шестмина украински морнари

Московскиот суд го прифати барањето за продолжување на притворот на шестмина од 24 украински морнари уапсени за време на инцидентот во Керченскиот Проток, објави руската агенција ТАСС.
Судот соопшти дека наскоро ќе се разгледаат сличните барања и за останатите украински морнари.
Инцидентот се случи на 25 ноември кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе да минат низ Керченскиот Проток. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржале украинските бродови заедно со членовите на нивните екипажи.
Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.
Москва, меѓутоа, смета дека нејзините сили дејствувале во согласност со меѓународното право и домашното законодавство.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
