Проданов: Треба строга контрола при влез во Бугарија, но да не се блокира пристапот за туристите од Северна Македонија, Србија, Турција и Израел
Министерот за туризам во Бугарија, Христо Проданов повика на строга контрола при влез во земјата, но да не се затвора пристапот до бугарските зимски центри за туристите од Северна Македонија, Србија, Турција и Израел.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Проданов вели дека од овие земји се направени над 100.000 резервации за следните месеци.
Тој рече дека четирите земји првично биле ставени на црната листа на бугарските здравствени власти, со што зимската сезона предвреме би завршила, но дошло до промена на наредбата откако разговарал со министерката за здравство Асена Шербезова.
Прпданов посочи дека туристите од овие земји при влез во Бугарија мора да имаат сертификат и валиден ПЦР тест.
„Тогаш не треба да има пречка за влез на овие луѓе. Овие мерки важат за сите граѓани на ЕУ. Битката е здравствениот систем да издржи за да има каде да се примаат болните“, рече Проданов.
Според него, засега зимската сезона добро се одвива и вака ќе заврши доколку нема итна ситуација поврзана со пандемијата. Како што рече, се очекува оваа сезона да биде значително подобра од претходната.
Проданов смета дека евентуалното ограничување сега може да доведе до долгорочни последици, бидејќи Бугарија инвестирала многу пари во рекламирањето во овие земји за да привлече туристи во своите одморалишта.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ во рамки на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“
-

Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска
