Македонија
27. September 2015 - 9:32

Признанија за најдобра туристичка понуда

Министерот за економија Беким Незири денеска ќе им додели признанија на туристичко - угостителски субјекти кои минатата година придонеле за подобрување на туристичката понуда во Македонија.

Признанијата на деловните субјекти кои најмногу направиле за развој на туризмот ќе бидат доделени во комплексот „Македонско село“ во Нерези.