Ракомет
3. јуни 2019 - 11:32

Признанија за Дибиров и Милосављев

Во Келн заврши уште еден викенд во Лигата на шампионте што ќе биде запишан со златни букви во историјата на македонскиот ракомет. Вардар втор пат во последните три години се искачи на ракометниот трон.

По епскиот пресврт во полу-финалето против Барселона, Вардат во финалето го победи Врспрем 27:24. МВП на турнирот е Игор Карачиќ, а играчите на Вардар доминираат и во видео изборот на ЕФХ.

Тимур Дибиров е автор на најдобриот гол на завршниот турнир, а голманите Дејан Милосављев и Калифа Гебдан имаат три од петте најдобри одбрани.

Најдобрите голови на завршниот турнир може да ги погледнете на овој ЛИНК, а на овој ЛИНК може да ги погледнете најдобрите одбрани.