Македонија
15. October 2018 - 9:57

Ќе се собира кабаст отпад во Берово

Соработка со Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга”, во општина Берово ќе се собира кабастиот отпад во кој спаѓаат делови од мебел, душеци, теписи и слично. Како што истакна Зоран Аговски, директорот на препријатието, собирањето на кабастиот отпад и градежниот шут има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење.
 
- Граѓаните кои имаат потреба од отстранување на ваков отпад на ден 28 октомври треба да го изнесат пред своите домови со цел истиот да биде транспортиран на соодветно место, рече Аговски.
 
Од локалната самоуправа додаваат дека кабастиот отпад не е комунален отпад и општината навреме ќе известува за спроведување на вакви акции за траснпортирање на истиот.
 
Од ЈКПР „Услуга" информираат дека доколку во иднина се забележи фрлање на ваков отпад во контејнерите за комунален отпад, ќе следуваат санкции од страна на надлежните органи.