Признание за ЕОД тимот на АРМ за успешно уништената бомба во Штип
Припадниците на АРМ од тимот за уништување на неексплодирани убојни средства „ЕОД тим“ кои учествуваа во вчерашната акција за уништување на авионската бомба во Штип, денеска примија признание за успешно изведениот процес на планирање и безбедно извршување на задачата од командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Зоран Милески.
- Да се изведе ваква прецизна и мошне опасна операција на уништување на неексплодирано средство со голема разорна моќ, потполно безбедно и без никакви последици за околината е доказ за високата стручна оспособеност на припадниците на АРМ од „ЕОД“ тимовите кои излегуваат во пресрет за учество во акции кои се од општ интерес кога тоа од нив ќе се побара, истакнал генералот Милески.
Како што соопшти Министерството за одбрана, вчерашната изведена операција е уште еден доказ дека „ЕОД“ тимовите на АРМ се стручно оспособени, не само за уништување на неексплодирани минско-експлозивни средства при вежбовните активности на АРМ, кои се во надлежност на АРМ, туку извршуваат вакви задачи и кога стручноста на припадници на овој тим е неопходна.
Тимот на АРМ предводен од потполковникот Љупчо Георгиевски, како што се наведува, пред уништувањето на авионската бомба низ сеопфатен процес ги согледал сите аспекти за безбедно изведување на акцијата при што имало и соодветни тестирања во објектот за делаборација на експлозивни средства во Еребино.
- Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови со употрба на најсоодветен третман без никакви последици за околината се изврши уништувањето на неексплодираната авионска бомба од Втората светска војна во околината на Штип, која подолг период претставуваше потенцијална опасност за граѓаните во околината на Штип, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.
Уништувањето на 250-килограмската авионска бомба од страна на ЕОД тимот на АРМ е врз основа на барањето од Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот