ОН признаа вина за епидемијата од колера на Хаити
Обединетите Нации првпат признаа вина за појавување на епидемијата на колера на Хаити во 2010 година, која досега причини смрт на околу 9.000 луѓе, пренесува ТАСС.
Според локални жители и епидемиолози, распространувањето на бактеријата на колера било причинето од отпадни води во реката Артибонит од логорот на непалските „сини шлемови“, испратени на Хаити по разурнувачкиот земјотрес што се случи претходно.
Ферхан Хак, портпарол на Бан Ки-мун изјави дека ОН требало да направат повеќе во првичните етапи од распространувањето на болеста и за ублажување на страдањата на луѓето. Според различни податоци бројот на заразените се движи помеѓу 700 и 800 илјади.
На 8 август експертот од Советот за човекови права при ОН, Филип Олстон во извештај до генералниот секретар Бан Ки-мун, констатира дека „епидемијата не би се појавила, ако не беа дејствијата на ОН".
Во соработка со властите на Хаити, ОН се вклучија во напорите за елиминирање на колерата од самото нејзино појавување. Вчера Фархан Хак најави дека во наредните два месеца ОН ќе ги определи следните чекори за овој случај.
- Ова е голема победа за илјадници Хаиќани, кои се бореа за својата правда, пишуваа до ОН и ги однесоа ОН пред суд, нагласи Марио Жозеф, хаитски борец за човекови права и адвокат по тужбата против ОН, поднесена од 5.000 заболени, по повод признанието на Хак.
Федералниот суд во Њујорк, од друга страна, вчера донесе одлука на пониска инстанца, којашто овозможува и предвидува имунитет за ОН. Рокот за жалба трае 90 дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот