Привршуваат подготовките за 55. издание на Охридско лето

Привршуваат последните подготовки за 55. Јубилејно издание на фестивалот Охридско лето, информира денеска директорката Елизабета Јанкуловска по средбата со охридските пратеници Алесандар Николовски и Сашо Василевски.
Почетокот на Балканскиот фестивал синоќа, според Јанкуловска, потврдил дека сцената Долни Сарај е готова, бидејќи е освежена.
- Се завршуваат и ситни декорации на Антички и од утре ќе почнеме да ги чекаме екипите за техничките подготовки за свеченото отворање на Охридско лето, в недела на Антички театар со сценската кантата „Кармина Бурана“ и шпанската продукција Ла фуера делс Баус, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, истакна Јанкуловска.
Директорката на Фестивалот потврди дека и годинашното издание се реализира со огромна поддршка на целата држава.
- Целата подготовка ја направивме благодарение на поддршката што ја имаме и од Министерството за култура, од Претседателот како покровител, пратениците и oпштина Охрид и градоначалникот, кои ни помогна во уредување на целиот тој дел за да се претставиме како добри домаќини и организатори на 55-тото издание, нагласи Јанкуловска.
Средбите на пратениците со менаџментот на Фестивалот, според Александар Николовски, се традиционални. Toj вети дека ќе продолжат и во иднина.
- Имаме традиција неколку дена пред свеченото отворање на „Охридско лето“ да се видиме и да поразговараме за програмата, за она што ќе се случува во 40-те дена во Охрид, што ние можеме како пратеници во нашиот дел да помогнеме, како најдобро да се промовира фестивалот, рече Николовски.
Тој оцени дека „Охридско лето“ конечно функционира во нови простории кои го заслужуваат имиџот и реномето на фестивалот и претставуваат пријатно катче за работа, како на вработените, така и за уметниците што доаѓаат.
- Ја поздравувам исклучително амбициозната програма која ја има годинава „Охридско лето“, не само отворањето кое е спектакл сам по себе, туку и целата програма затоа што доаѓаат навистина уметници и артисти од светски калибар кои се големи имиња во својата област без разлика каде настапуваат, изјави Николовски.
Пратеникот Сашо Василевски посочи дека денешната средба со раководството на фестивалот не е протоколарна, туку напротив, како што рече, соработката трае во текот на целата година.
- Ние како пратеници не дојдовме денеска протоколарно, туку нашата соработка трае преку целата година со нашето лобирање во Парламентот, со носењето на буџетот. Денеска директорката не запозна со плановите, со проекциите, што не очекува во следниот период. Ако до пред некоја година разговаравме за лошите економски резултати и загубите кои ги имаше во континуитет „Охридско лето“, денеска, а се надевам и во следните години ќе разговараме за убави планови, фестивалот да биде препознатлив бренд во целиот свет, рече Василевски.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
