-->
-->
Привршува уредувањето на Индустриската зона Караслари во Општина Велес
-->

Во Индуската зона Караслари во Општина Велес привршува инфраструктурното уредување, информира на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев и додаде оти со средства во висина од 12 милиони и 351 илјади денари кои се добиени од Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа ќе се уредуваа главната улица и сите придружни улици до објектите, а по што ќе следи и осветлувањето на индустриската зона со канделабри.
- По трасирањето на улиците ќе се стават странично и канделабрите, а со тоа ќе ја завршиме целокупната инфраструктурна изградба во ИЗ Караслари која е многу значајна за просперитетот на Општина Велес, а потоа ќе започнеме и со инфраструктурно уредување на ИЗ Мамутчево,најави Чадиев.
Инаку, во ИЗ Караслари која е на површина од 24 хектари од лани работи германската фабрика Маркарт, а како што информира градоначалникот Чадиев, два-три објекти се во напредна фаза.
- Едниот веќе и функционира,другиот е во завршна фаза,а третиот почнува со градба, а за што одобренијата за градба се издадени од Општина Велес,информира Чадиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
-

Антикорупциските закони добри само на хартија - само двајца функционери пријавиле подароци
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Преглед на вестите од светот
