Бизнис
16. April 2016 - 14:38

Привршува пролетната сеидба во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Привршува пролетната седиба на житните култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според планот, земјоделците и претпријатијата во овој регион треба да насеат житни култури на вкупна површина од 6.385 хектари, од кои на 171 хектар - претпријатијата, а на останатата површина - индивидуалните земјоделци.

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ Насер Даути информираше дека целосно е завршена сеидбата на пролетната пченица, 'рж и овес, и дека кај останатите житни култури сеидбата привршува и се реализира на површина од 90 отсто. 

И пролетната сеидба на градинарските култури на површина од 4.886 хектари се одвива непречено во изминативе денови, поради добрите временски услови.

- Лукот речиси целосно е насаден, приближно и кромидот, земјоделците во овој период насадиле речиси половина од предвидените површини со компир. Вкупно околу 40 отсто од планираните површини со градинарски култури се насадени,  изјави Даути.

Фуражни култури се садат на површина од 2.249 хектари, при што речиси 90 проценти од површините се насеани со пролетни фуражни култури - детелина, добиточен грашок, репка.

Според податоците на подрачната единица, во трите општини вкупно  со пролетна сеидба планирано е насадување на површина од 14.101 хектар.