Привршува пролетната сеидба во Крива Паланка и Ранковце
Од вкупно планираната површина од 1.318 хектари за засевање со Планот за пролетна сеидба за 2017 година за општините Крива Паланка и Ранковце, досега се засеани 960 хектари.
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крива Паланка, информираа дека сеидбата на речиси деведесет отсто од житните, земјоделски и фуражни култури е завршена.
Најголема површина е засеана со јачмен и компир.
- Јачмен и компир се посеани на по 230 хектари, од кои јачменот е посеан сто отсто од планираната површина, додека останува да се посее компир на уште 70 од вкупно планираните 300 хектари. Комплетно е завршена сеидбата на пролетн рж, овес, кромид, лук и грашок, а посеана е и целата површина планирана за фуражни култури, луцерка, детелина и добиточен-грашок, сено, истакнаа од Подрачната единица на МЗШВ, Крива Паланка.
Најмал е процентот на засеана површина со пченка, десет отсто, а од планираните вкупно 320 хектари засеани се само 32.
Најголем дел од површината според Планот за сеидба за пролет 2017 година на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце била засеана од страна на индивидуални земјоделци, 790 хектари, додека на 170 хектари површина сеидбата ја реализирале земјоделските стопанства.
Ново на Сител
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци
-
Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа