Привршува партнерно уредување на простор околу чешмата во Младо Нагоричане
Привршува партерното уредување околу чешмата во Младо Нагоричане, во непосредна близина на црквата Свети Ѓорѓи Победоносец, информираа денеска од општина Старо Нагоричане.
Оттаму додаваат дека во наредниот период ќе бидат поставени и клупи. Патеките се уредуваат во рамки на проектот што го спроведува Центарот за развој на североисточниот плански регион од програмата за регионален развој за 2016-та година.
Проектот опфаќа неколку фази реконструкција на чешмата, изградба на патеки со камени плочи, урбано уредување, градба на потпорен ѕид со камен.
Проектот е од исклучително значаен за месното население и за туристите кои во се поголем број ја посетуваат општината која на своја територија има значајни културно-историски споменици и природни реткости.
Чешмата се наоѓа во близина на црквата која често ја посетуваат домашните и странските туристи. Овој простор се наоѓа во близина на магистралниот пат М-2, што дополнително го олеснува пристапот на туристите.
Во близина на просторот се наоѓаат црквата Свети Ѓорѓи Победоносец и Света Петка, но и локалитетот Костоперска Карпа. Новоизградениот простор ќе ги задоволи потребите на месното население за собирање, но и место каде што посетителите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со културната и духовната вредност на двете цркви и локалитетот Костоперска карпа. За овој проект, кој покрај урбано уредување на самиот локалитет околу чешмата опфаќа и реконструкција на општинската сала во Старо Нагоричане, наменета за одржување културни манифестации одвоени се 1, 7 милиони денари.
Ново на Сител
-
Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“
-
Јун Сук-јеол: Парламентот стана чудовиште, ќе се борам до крај
-
Груби објави дека се повлекува од јавниот живот
-
Мурињо: Секогаш ќе бидам голем фан на Реал Мадрид, тие го имаат најдобриот тренер на светот
-
Без струја делови од општина Ѓорче Петров
-
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла по котлините
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство