Привршува гласањето на болните и затворениците во Струмичо и Радовишко
Во општините Струмица, Радовиш, Босилово, Василево, Конче и Ново Село денеска гласаат вкупно 575 болни и изнемоштени лица. Гласањето за претседателските и предвремените избори за градоначалник во општина Ново Село поминува мирно и според информациите од општинските изборни комисии, е при крај.
Најмногу болни и изнемоштени гласачи има пријавено во Ново Село-219, а најмалку во општина Конче само 10.
Гласањето тече и во Затворот во Струмица, каде има пријавено 85 затвореници со право на глас од 15 општини во земјава.
Во шесте општини од регинот има запишано 109.670 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на вкупно 192 избирачки места.
Во општина Ново Село за претседателските избори се запишани 11.364 гласачи, а за предвремените избори за градоначалник 11.301. Разликата во бројот на запишаните избирачи во избирачкиот список во Општинската изборна комисија ја објаснуваат со тоа што на изборите за градоначалник не гласаат граѓаните пријавени за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, кои имаат право да гласаат само за избор на претседател.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори