Приведено лице од Косово поради криумчарење
Кај кратовското село Страцин синоќа во 23.40 часот по претходно добиени сознанија дека врши криумчарење и по преземени мерки, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Косово, соопштија денеска од МВР.
При контрола во возилото „фолксваген пасат“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена поголема количина на разновидна акцизна стока за која не поседувал никаква документација, а ниту пак платил царински давачки.
- Стоката и возилото биле одземени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром