Македонија
4. October 2022 - 10:27

Приведено лице од Гостиварско за издржување затворска казна

Во Гостивар на улица „Илинденска“ вчера во 16:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 53-годишниот Р.Д. од гостиварска Долна Бањица.

Како што соопштија денеска од МВР, за него била издадена судска наредба со која се барал за издржување затворска казна.

Р.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.