Приведените од Сингелиќ на Фејсбук се пофалиле како вадат лежечки полицаец во полициски час
Вчера вечерта во Сингелиќ неколку стотина лица протестира поради приведени неколку лица кои не го почитувале полицискиот час кој што започна во 16 часот. На протестот присуствувал и градоначлникот на општината Борис Георгиевски кој дал ветување дека ќе ги извади од полиција со цел да ја смири тензичната состојба како и револтот на граѓаните.
Од МВР пак доцна вечерта информираа дека во скопската населба Сингелиќ толпа луѓе се собрала фрлајќи со камења на полицијата која апсела советник на СДСМ во Општина Гази Баба кој со уште неколку лица за време на полициски час ваделе лежечки полицаец поставен на патот.
При интервенцијата на полицијата се собрала поголема група на луѓе кои негодувале и се спротивставувале на апсењата.
На местото пристигнал градоначаналникот на Општината Борис Георгиевски. Откако ги привеле, поднесени се пријави по што се пуштени и состојбата e смирена, информира полицијата.
Во објава на Фејсбук и градоначалникот на Гази Баба ја објаснува целата ситуација за сите оние што не ја разбрале до крај или пак поради неинформираност не ја доловиле вистината.
Ново на Сител
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор