Приведени седум лица за шверц на тутун
Полицијата вчера во патничко возило „Форд Транзит“ на магистралниот пат Гостивар - Маврово пронашла и одзела 80 килограми тутун и го привела возачот и шесте патници поради непоседување на документација на тутунот.
Како што соопшти МВР, вчера утрото во 8:00 часот на магистралниот пат Гостивар-Маврово од страна на полициски службеници од мобилната единица од Секторот за гранични работи и миграција при Министерството за внатрешни работи било сопрено возилото со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С. (68) од Гостивар.
- Од извршениот преглед над лицето и возилото биле откриени повеќе картонски кутии наполнети со помали пакувања на фино сецкан тутун (околу 80 килограми). Бил одземен со потврда за привремено одземени предмети за понатамошна постапка. Поради непоседување на документација за тутунот, во Полициската станица Гостивар биле приведени возачот З.С., како и лицата Н.М. (66), З.Р. (66), А.М. (57), Н.У. (64), С.С. (52) и М.И. (56), сите од село Врапчиште-Гостиварско, наведуваат од МВР.
За случајот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот