Приведени седум лица за шверц на тутун
Полицијата вчера во патничко возило „Форд Транзит“ на магистралниот пат Гостивар - Маврово пронашла и одзела 80 килограми тутун и го привела возачот и шесте патници поради непоседување на документација на тутунот.
Како што соопшти МВР, вчера утрото во 8:00 часот на магистралниот пат Гостивар-Маврово од страна на полициски службеници од мобилната единица од Секторот за гранични работи и миграција при Министерството за внатрешни работи било сопрено возилото со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С. (68) од Гостивар.
- Од извршениот преглед над лицето и возилото биле откриени повеќе картонски кутии наполнети со помали пакувања на фино сецкан тутун (околу 80 килограми). Бил одземен со потврда за привремено одземени предмети за понатамошна постапка. Поради непоседување на документација за тутунот, во Полициската станица Гостивар биле приведени возачот З.С., како и лицата Н.М. (66), З.Р. (66), А.М. (57), Н.У. (64), С.С. (52) и М.И. (56), сите од село Врапчиште-Гостиварско, наведуваат од МВР.
За случајот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал