Приведени петмина скопјани за лепење плакати од политички партии
Денеска во 02.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на заштитна ограда од објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“, од полициски службеници биле забележани Н.Б.(19), И.Л.(19) и М.И.(20), сите од Скопје, кои на местото на настанот пристигнале со патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, како лепат плакати од политичка партија, без соодветно одобрение.
Исто така денеска околу 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозник на ул.„Лука Геров“ бил забележан предизборен плакат на политичка партија, а на трансформатор од ЕВН имало залепени плакати од политичка партија. Подоцна, во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4 Јули“, во населба Дексион, од полициски службеници од Полициска станица Ѓорче Петров биле забележани Б.С.(29) и В.Р.(40), двајцата од Скопје, како поставуваат висечки банер на политичка партија, и истите се изјасниле дека немаат одобрение за поставување на банери. Во текот на вечерта 02/03.07.2020 на подрачје на Општина Ѓорче Петров биле поставени околу 5-6 висечки банери на повеќе локации. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари