Македонија
4. August 2019 - 9:56

Приведени петмина полициски службеници од ГП „Богородица“, осомничени за земање мито

Кај петмина полициски службеници од граничниот премин „Богородица“ се пронајдени и одземени денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Тие се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

Како што информира МВР, се работи за полициските службеници  М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41), а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди дејствувал по добиени оперативни сознанија за нивно незаконито постапување.

Детали за случајот денеска ќе соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.