Приведени две лица во Скопје, кај нив пронајдено оружје
Полицски службеници од Единицата за интервентна полиција на 16.05.2023 околу 23.15 часот на ул.„Кичевска“, на подрачјето на Ѓорче Петров, ги лишија од слобода И.А.(35) и Б.С.(34), двајцата од Скопје.
- Имено, откако полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А., во кое совозач бил Б.С., при извршен преглед во него пронашле 3 парчиња огнено оружје, и тоа пиштоли „Застава М57“ со рамки со муниција, велат од МВР.
Како што соопшти МВР, лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување