Приведени двајца лихвари во Радовиш, од кои едниот е полицаец
Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон.
При преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при продажба на мотор, кој во ноември 2024 година бил оставен кај Д.Г. од жител на радовишко село како залог дека ќе ги врати парите што Д.Г. му ги дал. Додека, при преглед кај Д.Г. бил пронајден и нотарски купопродажен договор за продажба на моторот. Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш, врз основа на судска наредба, извршиле и претрес во домот на Д.Г., при што биле пронајдени и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, соопшти МВР.
За настанот се известени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста
-
На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја
-
Поранешниот потпретседател Пенс контра Трамп: Господине претседателе, не ја зборувате вистината за Украина
-
Македонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ
-
Вчера казнети 949 возачи
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи