Приведени двајца криминалци од Арачиновo
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 3.30 часот во Арачиново ги лишиле од слобода А.Љ.(31) и А.С.(35), двајцата од ова скопско село.
-А.Љ. бил осуден на казна затвор од осум години и шест месеци за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување четири години и три месеци од казната, информира МВР.
А.С. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
-Лицата биле предадени во Полициската станица Гази Баба, по што ќе бидат спроведено во надлежнита казнено-поправни установи за издржување на казните, наведува Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата